Филип Фифи Јаневска ќе стане жена

Објавено: 18 септември, 2015, во 15:50 часот

Нашата трансродова пејачка Филип Фифи Јаневска која пред неколку месеци се пресели во Шведска, на својот профил на Фејсбук објави дека конечно ќе се исполни неговата најголема желба, а тоа е да го промени полот и да стане жена.

Фифи на Фејсбук објави фотографија на која држи плик од Универзитетската клиника во Стокхолм, „Каролинска“, од каде добил одговор дека наскоро ќе му помогнат во процесот од машко да стане жена.

– Денес е еден од најсреќните денови во мојот живот! Само што добив писмо во кое се потврдува дека сум на листата да се сретнам со докторот кој ќе може да ми помогне конечно да ја започнам транзицијата на промена на полот и да се ослободам од овие невидливи синџири кои ме држат како заробеник веќе 24 години . Ти благодарам Шведска. Те сакам ! – напиша трансородовата пејачка под фотографијата.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.