СДСМ Кавадарци започна средба со граѓаните

Објавено: 24 септември, 2015, во 13:15 часот

Со цел да се слушнат проблемите кои ги тиштат граѓаните во општина Кавадарци, општинската организација на СДСМ Кавадарци започна со теренски активности. Синоќа пред амбулантата во село Ваташа се одржа првата средба, каде се разговараше за главните проблеми во месната заедница, а се собираа и предлози кои подоцна ќе бидат предложени во новата програма на Социјалдемократскиот Сојуз.

Претседателот на ОО СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев нагласи дека вакви средби во континиутет ќе се одржуваат и во други урбани и месни заедници во општината. Тој се обрати пред ваташани, а потоа и тие имаа можност да ги искажат проблемите со кои се сретнуваат.

Ваташани побараа да им се  регулира коритото на реката Луда Мара, да се досреди  фекалната канализација.  Се пожалиле на проблеми со  уличното осветлување, несобирањето на сметот од домаќинствата кои живеат на  споредните улици, нефункционално здравство, ниски цени на грозјето. Беше побарано и   средување на мостовите во селото  и реновирање на фудбалското игралиште.

Претседателот на кавадаречките социјалдемократи, Зоран Ѓеорѓиев,  даде  ветување  дека предлозите на ваташани ќе влезеле во  новата програма на Социјалдемократскиот Сојуз. Според него  селото  Ваташа било  најзапоставено  од оваа власт./А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.