Пчеларите задоволни од приносите на мед

Објавено: 28 септември, 2015, во 13:38 часот

 

Производителите на мед, чии пчеларници се лоцирани во планинските делови се задоволни од приносите на мед. За разлика од нив, пчеларите чии пчелни семејства се во рамничарскиот дел се жалат на послаб принос.

Годинава со добри приноси можат да се пофалат пчеларите од селата Бошава, Крњево, Конопиште, Чемерско и Бохула. Овде приносите надминуваат 20 килограми мед од едно пчелно семејство.

 

„Она што може да биде карактеристика на годинашниов мед е потемната боја или црниот мед е богат со минерали, како резултат на условите и медоносните растенија кои годинава пчелите ги искористија до максимум“ објаснува Ристе Грозданов, чии пчеларник се наоѓа во селото Долна Бошава.

Тој вели дека богатството од нектар во природата е причина пчелните семејства интензивно да работат и со тоа да се продолжи сезоната на вртење на мед за два месеци.

И пчеларите чии пчеларници се на висорамнината Витачево се задоволни од приносите, но велат сепак се послаби споредено со претходните години.

На градскиот зелен пазар килограм мед се продава по цена од 350 денари,а  Кавадарци е град каде има регистрирано најголем број пчлелари во земјава./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.