Меѓународен пинг понг турнир во спортската сала „Гемиџии“ во Велес

Објавено: 6 октомври, 2015, во 11:26 часот

Уште еден турнир во пинг понг, трет по ред годинава, ќе се одржи во спортската сала Гемиџии во Велес. Овој пат турнирот ќе има меѓународен карактер, ќе учествуваат професионални натпреварувачи од Бугарија, а се очекува своето учество да го потврдат и натпреварувачи од Србија и Косово. Шеесетина натпреварувачи од неколку градови во државата  и од странство во сабота ќе си ги одмерат силите во пинг понг, што ќе се игра според интернационални правила. Натпреварите ќе се играат во групна фаза по што следува елиминациона фаза. За најуспешните натпреварувачи следат и соодветни парични награди.

„Во машка конкуренција, најуспешните ќе добијат, пет илјади денари за прво,три илјади за второ и илјада и петстотини денари за трето место . Во женска конкуренција најуспешната ќе добие две илјади, второ место илјада и петстотини и трето место илјада денари. Ги повикувам сите љубители на пинг понгот да дојдат во сабота и да го проследат овој интересен натпревар, рече директорот на ЈП „Спорт парк“, Александар Табаков.

Пинг понг натпреварите ќе се одржат во сабота со почеток во 9 часот на теренот на спортската сала. Натпреварувачите ќе играат на девет пинг понг маси.

Инаку Јавното претпријатие годинава организираше два турнира во пинг понг. После овој следува уште еден на кој ќе се натпреваруваат ветерани./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.