Апел на Синдикатот на новинарите до пратениците: Не го усвојувајте предлог законот

Објавено: 7 октомври, 2015, во 08:21 часот

Под слоганот „Стоп за цензурата! Не ги даваме бомбите!“, граѓанското движење „Ајде“ за денеска попладне пред Собранието најави протест против најавениот предлог-закон за забрана на објавувањето на прислушуваните материјали.

Причината е едноставна, имаме право на слободно информирање и изразување, а тоа право е повредно и повисоко од која било политичко-фашистичка сила претставена преку бројка на пратеници – напиша движењето во платформата објавена на социјалните мрежи.

Протестите се најавени откако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера предложија Закон за бришење на сите досега објавени „бомби“ на СДСМ, а казната за секој што не би го почитувал законот да биде четири години затвор.

Доколку се усвои овој закон, би се забранило повторно објавување на веќе објавените „бомби“ на Заев, а нови материјали директно ќе треба се достават до специјалното Јавно обвинителство.

Исто така медиумите ќе мора да ги симнат од своите веб сајтови веќе објавените материјали од прислушуваните разговори.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.