Заврши годинешната „Велешка питијада“

Објавено: 12 октомври, 2015, во 08:09 часот

Временската прогноза за дождлив 12 октомври ги седнала на заедничка маса организаторот и учесниците на годинешната манифестација. Според соопштението на општина Велес , организатор на Питијадата, заедно со угостителите и винариите  сепак одлучиле крајот на манифестацијата да биде синоќа, на третата вечер.

„ Поради неповолната временска прогноза и најавата за нови обилни дождови, Координативното тело во соработка со угостителите и другите учесници едногласно одлучи: Манифестацијата „Велешка питијада 2015“ да заврши во првично утврдениот термин, односно по настапот на ДНК во раните утрински часови,“ пишува во соопштението на општина Велес испратено до медиумите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.