Убиен мигрант во крвава престрелка на бугарско – турската граница

Објавено: 16 октомври, 2015, во 07:29 часот

Премиерот Бојко Борисов поради  итноста ја напуштил седницата на Европскиот совет. Еден човек е убиен при пукање на бугарско-турската граница крај Средец, Бургаски.

Инцидентот се случил откако 54 лица, од кои повеќето Авганистанци, се обиделе да влезат илегално во Бугарија соопштува bTV.

Тие биле вооружени и влегле во престрелка со припадници на МВР, при што еден од мигрантите е убиен.

Премиерот Бојко Борисов ја напуштил поради  инцидентот  средбата на евролидерите во Брисел, каде што Бугарија  ќе биде претставена од премиерот на Литванија Далија Грибаускајте, пренесуваат бугарските медиуми.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.