Грејната сезона започна, исчистете ги оџаците

Објавено: 16 октомври, 2015, во 13:53 часот

Од 15 октомври официјално стартуваше грејната сезона. За неколку дена шпоретите и оџаците ќе бидат неопходни за затоплување. Затоа од ТПЕ Кавадарци денеска упатија апел до граѓаните навреме да направат проверка и чистење на оџаците, бидејќи за време на грејната сезона поради неисчистени оџаци се случуваат многу пожари.

„Граѓаните да ги исчистат оџаците, посебно треба проверка и чистење да направат сопствениците на куќи кои имаат „кара таван“. Да се провери дали минува греда од покривната конструкција во близина на оџакот или пак се наоѓа во самиот оџак. Да се изврши мачкање на оџаците во таванскиот дел. Исто така превентивно да се изврши проверка и на застарена електрична инсталација“ апелираат од кавадаречката противпожарна единица.

Во апелот се нагласува дека граѓаните не треба да ги затвораат со гипс картони влезовите во таванот.

Во зградите станарите треба да ги надминат недоразбирањата доколку ги има и да ги исчистат оџаците. Оние кои своите станови не ги затоплуваат со дрва да извршат заѕидување на отворот за сулинарите  со полна цигла. Сите кои имаат во близина на оџаците дрвени плакари да ги отстранат на безбедно растојание за да не дојде до несакани последици од опожарување – советуваат од ТПЕ Кавадарци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.