СЗО: Туберкулозата и ХИВ најсмртоносни болести

Објавено: 29 октомври, 2015, во 09:53 часот

Светската здравствена организација ја рангира туберкулозата, заедно со ХИВ, за најсмртоносна заразна болест во светот.

Само во минатата година од оваа болест умреле над милион ипол луѓе и покрај големите чекори во третманот и превенцијата во изминативе 25 години. Најмногу загрижува ширењето на видови на туберкулозата кои се отпорни на лекови. Над половината од над 9 ипол милиони заразени луѓе со туберкулоза се од Кина, Индија, Индонезија, Нигерија и Пакистан.

Извор: Радио Слободна Европа

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.