Полагањето за возачки испит ќе се снима
Објавено: 29 октомври, 2015, во 11:10 часот
Законот за безбедност во сообраќајот содржи неколку измени во споредба со претходните правила, за автошколите и кандидатите за возачи. Секое возило на автошколите мора да има вклучено камера, која ќе го следи текот на оспособувањето на кандидатот за возач, како и подготвеноста и техниката на самиот возач-инструктор-пишува скопјеинфо.мк.
Според неофицијални информации, од автошколите велат дека е најавена уште една голема законска измена во нивната работа. Имено, станува збор за стандардизирање на цените во сите автошколи во Македонија. Па така, ако досега кандидатите за возачи плаќаа околу 15 илјади денари за својата обука, отсега ќе треба да платат дополнителни десет илјади денари.
