Костенот чувар на здравјето, но и на добрата линија

Објавено: 3 ноември, 2015, во 08:32 часот

И покрај тоа што многумина сметаат дека костенот е калоричен, сепак овај плод има помалку масти и калории во однос на другите оревести плодови.

Денес постојат стотина различни видови на костен, од кои повеќето можат да се консумираат.Плодовите имаат посебна текстура и благ вкус. Иако се користи за подготовка на слатки и колачи, од ова овошје се прават и солени специјалитети.

Костените се идеално решение за „одложување“ на стареењето и за хронично болните луѓе, особено оние кои страдаат од ревматски заболувања.

Најслаткиот вкус на костенот се добива откако малку ќе го препечете на плотна или на плоча за скара. Немојте да ги пропуштите благодетите кои ви ги нуди костенот, ќе уживате во слаткиот вкус и ќе го сочувате здравјето, а нема да и наштетите на својата линија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.