Познати добитниците на деветоноемвриски признанија

Објавено: 3 ноември, 2015, во 14:23 часот

Виолинистот Костадин Кирков е добитник на највисокото деветоноемвриско признание за животно дело „Гемиџии“. Седумдесет и три годишниот велешанец наградата ја добива за промоција на македонската култура во земјата и во светот. Тој е концерт мајстор во Љубљана и на Бетовеновиот оркестар во Бон, Германија.

Советот на општина Велес одлучи со спомен –плакети да ги награди „Специјалната болница за белодробни заболувања и туберкулоза Јасеново“, Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“, Со спомен-плакета се закитија и министерот за странски инвестиции Велес Самак како и фирмата Зегин за општествена одговорност и за хумана мисија.

Деветоноемвриска благодарница доби велешанката Ленче Здравкин за нејзината хуманост изразена низ бројни акции за помош на бегалците од Блискиот исток. Благодарница добија и велешаните Виктор Глигоровски, Стојанче САнгелов, Ѓоко Ризински и Мето Димов кои храбро и пожртвувано спречија оружен грабеж во менувачница. Со благодарница се закити и велешанецот Зоран Белов кој живее и работи во Новогард, Полска. Општина Велес благодарница ќе и додели и на актерката Весна Димитровска Бобевски.

Деветоноемвриска пофалница добива спорсткиот работник Марјан Малинов, чија пасија е планинарството.

Постхумно со спомен плакета годинава им се оддава признание на д-р Ристо Пејовски, д-р Румен Наќинов и на Иле Алексиќ, човекот кој преку својата компанија „Данс“ вршеше превоз за хумани цели, како на ученици така и на граѓански организации.

Наградите ќе им бидат доделени на свечена седница во понеделник по повод 9 ноември, ослободувањето на Велес./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.