Граѓанска акција „Граѓаните заслужуваат подобро“ во Кавадарци

Објавено: 3 ноември, 2015, во 14:28 часот

Повеќе градинки за децата од Кавадарци, нов младински културен центар , заштита на работничките права, подобрување на патната инфраструктура  побараа денеска од неформалната коалиција „Граѓаните за Македонија“.

Тие ја спроведуваат граѓанската акција под мотото  „Заслужуваме подобро“ во која се зборува за секојдневните проблеми и потребата од подобар живот.

„Ние веруваме во капацитетите на ова општество, во разумот на граѓаните  и тргнувајќи од нашите права и потреби бараме итна промена  на начинот на управување со државата во правец на обезбедување подобра живејачкаи подобри услови во нашите градови и села“ рече денеска на прес конференција Ненад Јовановиќ од „Граѓаните за Македонија“.

Тој наглаи дека власта требало да одговори на потребите на сите граѓани без разлика дали ја подржуваат или не.
„Оваа наша иницијатива се темели на теренски разговори и директна комуникација со граѓаните, а ја спроведуваат повеќе  од 200 граѓански активисти од 70-тина граѓански организации во триесетина поголеми населни места во земјава“ додаде Јовановиќ.

Се побараа подобри услови во колективниот спорт во Кавадарци, доуредување на преостанатиот дел на кејот на реката Луда Мара, реконструкција на градскиот фудбалски стадион, изградба на пешачка зона до месноста Моклиште, изградба на старечки дом и пристојна цена за откуп на грозјето./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.