Торта во облик на Принцот Џорџ, наместо слатко изгледа морничаво
Објавено: 9 ноември, 2015, во 09:41 часот
Торта во природна голема на принцот Џорџ ја освои главната награда на еден интернационален натпревар во правење торти во Англија.
Ова „морничаво“ слатко дело го направи дваесет и деветгодишната слаткарка, Лара Мејсон. Нејзе и’биле потребни 30 часа да ја направи оваа торта, а иако истата го освоила првото место, многумина коментирале дека тортата изгледа морбидно.
Дури и самата Лара под објавената фотографија на Фејсбук напишала: „Предупредени сте, некои од овие фотографии се навистина морничави“.
