Вежби за растегнување како секојдневен ритуал

Објавено: 18 ноември, 2015, во 08:02 часот

Кога ќе се разбудите, кои се првите активности што ги правите? Што правите после долгото седење или стоење на работа?И уште многу други слични ситуации, кога нашето тело завзема статична положба или правиме нешто исто. Свесно или несвесно, се истегнуваме! Зошто?

Позитивното чуство кое го имаме после истегнувањето придонесува за:

Подобрена циркулација

Намалена мускулна напнатост

Забавување или спречување на дегенеративните промени на зглобовите со тек на старост

Превенција од повреди при секојдневни и спортски активности

Клучни делови на телото на кои треба да обрнете внимание за време на вежбање се зглобовите на половината, колковите и рамената. Тоа е така поради сензибилноста на овие делови и склоноста кон повреди. Еве неколку совети:

Постепено растегнувајте се, без да се јави јака болка. Задржете се во позиција во која се осеќате пријатно 15-30 секунди.Дишете споро, што подлабоко, се додека не стане отежнато.Концентрирајте се на делот од телото кој го истегнувате затоа што на таков начин постигнувате поголем ефект.Истегнувајте се што почесто, кога времето и обврските ви дозволуваат

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.