Банани за лечење на мамурлук

Објавено: 23 ноември, 2015, во 08:43 часот

Покрај ублажуавње на последиците од мамурлукот,бананите исто така можат и да спречат истите да бидат катастрофални.

Секако,најдобар лек е секако,да не се претера со пијалакот но ако ви се случи да испиете некоја повеќе ,погрижете се во чинијата со овошје задолжително да имате и банани.

Главна причина за мамурлукот се дехидратација и губење на калиумот кои се јавуваат како директна последица од консумирање на алкохол. Бананите се полни со калиум,па затоа го забрзуваат опоравувањето на организмот надоместувајќи го недостигот од овој минерал

Само една банана содржи повеќе од 450 милиграми калиум а освен тоа има и високо ниво на магнезиум,кој може да ви ја ублажи главоболката. Освен тоа ова јужно овошје има триптофан,аминокислеина која заспива како и големи количини на витамин Ц.

Препорака е следната : Кога ќе се вратите од збавата испијте многу вода и изедете банана за утредента да бидете добро.


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.