Средното стручно „Коле Неделковски“ во Велес ќе добие нова фасада

Објавено: 25 ноември, 2015, во 13:45 часот

Со три милиони денари ќе се реконструира фасадата на средното стручно училиште „Коле Неделковски“ во Велес. Парите ги обезбеди Центарот за развој на Вардарски плански регион преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Реконструкцијата на фасадата на училишната зграда ќе почне следниот месец и надлежните очекуваат заштеда на електрична енергија и потопли училници.

„Од аспект на енергетската ефгикасност овој проект е од големо значење. Со реконструкцијата на фасадата ќе се заштеди гориво за затоплување. Во моментов користиме нафта, па така ќе се намалат количините за затоплување на просториите, а со тоа ќе се намалат и средствата. Наместо да се трошат за загревање тие средства можат да се наменат за за опремување на училиштето, било за одржување на зграда, било за нагледни средства за учениците, затоа што крајната цел ни е секако ефикасно училиште“, рече директорот Боро Ристовски.

Освен фасадата на велешкото средно училиште, со еден милион денари ќе се уредува и Спомен костурницата во Неготино.

„Општина Неготино имаше голема потреба од уредување на меморијалниот центар. Тој има многу изгубено од својата атрактивност и функционалност и во однос на изгледот и во однос на активностите кои таму се изведуваа. Со помош на овие средства ќе ги уредиме јавните површини околу костурницата преку набавка на урбана опрема и уредување на пешачките патеки и скали. Така ќе создадеме услови за привлекување на домашни и странски туристи“, рече градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов.

Во соработка со министерството за локална самоуправа и Бирото за региопнален развој, Центарот за развој на Вардарски плански регион со седиште во Велес, досега реализираше пет проекти./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.