Притвор за познати крадци што се офајдија од грабеж на адвокатска канцеларија во Велес

Објавено: 30 ноември, 2015, во 13:05 часот

Притвор за двајца велешани кои ограбиле адвокатска канцеларија во центарот на градот и сопственикот го оштетиле за 250 илјади денари. Педесет и две годишниот В.Т. и четириесет и шест годишниот Ј.К. ќе одговараат за тешка кражба. Тие го испланирале разбојништвото и ноќта во саботата со калауз ја отклучиле влезната врата од адвокатската канцеларија, лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ . Откако влегле со подесен алат насилно го отвориле металниот сеф и од него одзеле околу 3.650 евра, 480 долари, околу 10 илјади денари и други предмети. Потоа со истиот клуч ја заклучиле врата и заминале. Според полициски информации двајцата крадци се скриле во помошна просторија од куќа на улицата „Страшо Пинџур“.

„Околу пет часот утрото осомничените се забележани од полициски службеници кои во моментот вршеле служба, и лишени се од слобода. При прегледот кај нив пронајдени се и одземени повеќе подесни клучеви- калаузи, капи за маскирање- фантомки, ракавици и подесен алат за разбивање (хебли, метална цефка). Исто така, во помошна просторија лоцирана на улица Страшо Пинџур во Велес, односно местото каде едниот од сега пријавените се криел, пронајдени се и сите банкноти кои претходно се одземени од адвокатската канцеларија“, рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Двајцата крадци веднаш биле изведени пред надлежен суд и одредена им е мерка притвор во времетраење од осум дена.

Инаку приведените имаат дебело полициско досие бидејќи и претходно биле пријавувани за вакви и слични кривични дела, а затоа имаат одлежувано и затворски казни./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.