Штрајк на администрацијата од Основниот суд во Велес

Објавено: 3 декември, 2015, во 12:44 часот

Излегоа од судниците,се симнаа од канцелариите и ги напуштија шалтерите за работа со странки денеска судските службеници и судските полицајци од Основниот суд во Велес. Сите го поддржаа повикот на штрајк  што го организира  Синдикатот на работниците од управата , правосудните органи  и здруженија на граѓани.  Повод за штрајкот,  што траеше од 10 до 12,30 часот,  е примената на новиот Закон за судска служба кој започна да се применува од 13 февруари, годинава.  Oвие работници не се сложуваат со одредбите од Законот во колку за својата работа бидат оценети со оценка „не задоволува“ или со две последователни оценки „делумно задоволува“ да им престане работниот однос или да им биде намалена платата за 2о одсто доколку во период од шест месеци добијат оценки „делумно задоволува“ независно што при давањето на оценка 65 одсто право на глас има судскиот службеник.

„Ова ново законско решение не е реформско ни за УПОЗ ниту пак за Здружението на судска администрација. Иако ние сме секогаш за мирно решавање на споровите но и покрај забелешките, сугестиите и предлозите што ги пренесовме од страна на министерството за правда не беа прифатени ниту пак дојде до промена на одредбите од постоечкиот закон,“ рече претседателот на основната синдикална организација на Основен суд Велес, Горан Чолаков.

Вработените административци  истакнаа дека не прифаќаат  да работат за време на штрајк и назад го бараат  додатокот за плата што беше предвиден во Законот за судска служба  од 2008 година кој веќе не постои. Целта на овој Закон, истакнаа штрајкувачите  е да се елеминира колективното преговарање и склучувањето на колективните договори. Вредноста на бодот , според новиот закон, го дефинира Владата на Република Македонија без учество на  Синдикатот или работниците.

Четириесетмината судските службеници и судските полицајци, од велешкиот Основен суд, со штрајкот дадоа целосна поддршка на Синдикатот  на УПОЗ./ С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.