Приведени навивачи на „Комити“ во Велес поради недостојно однесување на спортски натпревар

Објавено: 11 декември, 2015, во 16:45 часот

Група млади момчиња од Скопје, од навивачката група „Комити“ дивееле вчера попладне за време на одигрувањето на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Вардар“ од Скопје и ФК „Силекс“ од Кратово, на градскиот стадион во Велес. Додека траел натпреварот еден од навивачите на скопски Вардар се обидел да се качи на металната ограда. Полициски службеник го предупредил да се симне, но тогаш кон него се упатиле уште педесетина навивачи и го потиснале на оградата. Тогаш полицијата употребила гумени палки со цел да ја смири насобраната толпа и да воспостави ред на трибината. Предизвикувачите на инцидентот подоцна околу 14 часот биле приведени во полициската станица.

Три часа подоцна пак десетина навивачи од групата „Комити“ влегле во „Жито маркетот“ лоциран на улицата Анѓел Мишев и почнале да ги малтретираат граѓаните што пазарувале и вработените во маркетот. Инцидентот се случил откако еден од навивачите бил фатен додека крадел чоколади од маркетот, па останатите почнале да им се закануваат на вработените и физички да се пресметуваат, кршеле корпи пред влезот на маркетот и се обиделе насилно да ја отворат влезната врата која била затворена веднаш по кражбата. Хулиганите го оштетиле и патничкиот автомобил на еден од обезбедувачите на маркетот.

СВР Велес, по целосно документирање на настанот, ќе поднесе кривични пријави за насилство и напад на службено лице, а прекршочна пријава ќе добијат и две лица за прекршување на законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревар./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.