Започна блокадата на влезот во Ректоратот на УКИМ

Објавено: 14 декември, 2015, во 09:38 часот

Група студенти денеска го блокираат влезот во Ректоратот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тие, како што наведуваат, протестираат против ставот на ректорската управа околу сечењето на дрвјата во дворот на Универзитетот и најавената изградба на две нови барокни факултетски згради.

Според нив, со одлуката да се градат овие згради и да се сечат дрвјата, била загрозена автономијата на универзитетот. Наспроти ова, Ректорската управа на УКИМ вчера изрази став дека тоа не ја загрозува автономијата на Универзитетот.

Видеото погледнете го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.