“Храната што не спојува“ хуманитарна манифестација во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес

Објавено: 15 декември, 2015, во 12:49 часот

Месени и сукани пити, слатка и уште многу други вкусни јадења од македонската традиционална кујна денеска беа презентирани во средното стручно училиште „Коле Неделковски“ во Велес. Ги подготвија учениците, родителите и професорите како дел од активностите за одбележување на педесет годишниот јубилеј на училиштето.

„Ние за денешната манифестација пригоптвивме зелник и донесовме тегла со слатко. На нашата маса има и жива туршија и уште многу други производи кои ние заедно ги приготвивме. Сметаме дека ова е многу добар начин да се дружиме меѓусебе и се обидуваме овие различни вкусови на храната да не зближат повеќе“, рече ученичката Александра Пљакова.

„Ова е многу добра можност не само децата туку и ние родителите да се дружиме меѓусебе. Еве и ние допринесовме со наши производи да ја збогатиме оваа прекрасна манифестација“, рече Марјана Трајкова.

Каде што е храната таму се и пензионерките. На манифестацијата „Вкусовите што спојуваат“ учествуваа и жените од Здружението на пензионерки.

„Ние учествуваме со домашни специјалитети од нашата традиционална кујна. Посебно ми е драго што оваа манифестација е мултиетничка и како и на секоја средба ние пензионерките подаваме рака колку што можеме и даваме допринос“, рече Неделка Ѓорѓиева.

Манифестацијата има и хуманитарен карактер. Собраните пари од продажбата на производите училиштето реши да му ги додели на некој од учениците на кој навистина му се потребни.

Инаку освен денешната манифестација, својот јубилеј училиштето го одбележа и со бројни спортски натпревари и квизови./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.