Минус осум степени утрово во Берово
Објавено: 16 декември, 2015, во 08:38 часот
Минус осум степени се измерени изутрина во седум часот во Берово, а минус пет во Скопје-Петровец и во Битола, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Демир Капија, Дебар, Струмица, Маврово и во Лазарополе температурата се спушти четири степени под нулата, минус три во Штип, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Крива Паланка и Прилеп, минус два во Кавадарци, Куманово, Тополчани, Гевгелија и Претор, минус еден во Охрид, Ѓуриште, Пожар, Крушево, Виница, нула во Пожаране, два во Дојран.


