Скопска Апелација ја одложи седницата за случајот „Шпион“
Објавено: 18 декември, 2015, во 09:34 часот
Седницата на Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ денеска повторно е одложена, откако тоа се случи и минатиот месец.
19-те обвинети имаат поднесено жалби на првостепената пресуда според која сите беа осудени на затворски казни. Првообвинет во судскиот процес е екс разузнавачот, Марјан Ефремов кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што според обвинението прибирал информации за странски тајни служби.
Покрај него, обвинети и осудени се и поранешниот директор на дирекцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, двајца разузнавачи активни во времето на акцијата „Шпион“, како и Марјан Маџовски, поранешен шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељановски. Првостепената пресуда е донесена пред 13 месеци, а обвинетите беа осудени на вкупно 73 години затвор.
Извор: 24 Вести
