Салата за убава кожа
Објавено: 23 декември, 2015, во 07:55 часот
Потребни состојки:
2 раце рукола
2 раце млад спанаќ
1 изрендан морков
2 ротквици, тенко исецкани
2 мали краставици
1 мал црвен кромид исецкан на многу тенки кругови
3 исцедени лимети или лимони
неколку парчиња свежо авокадо
1 лажичка јаболков оцет или балсамико
1 лажичка мед
сол, црвен пипер и останати зачини по ваша желба
Подготовка:
Ставете го исецканиот кромид во мал сад заедно со сокот од лимета (или лимон) да стојат 10 мин. Од малите краставички го вадите средишниот дел и ги ставате во блендер; Во голем сад ги аранжирате руколата, морковот, краставиците и ротквиците. Потоа го додавате и кромидот. во блендерот го додавате остатокот од сок од лимета, јаболков оцет, малку авокадо, мед, сол и зачини по желба.
Кромидот и руколата се високо ниво на сулфур, кој е минерал кој го чист црниот дроб и кожата. Ротквиците и краставиците имаат високо ниво на минералот силика, кој е потребен за зајакнување на косата, кожата и ноктите.
