Поради магла откажани дел од летовите на скопскиот аеродром

Објавено: 23 декември, 2015, во 07:52 часот

Отежнат сообраќајот поради појава на магла од која видливоста кај Петровец, Маџари, Кочани, Неготино и Македонски Брод е од 100 до 150 метри, а од 30 до 50 метри на патиштата кај Тетово, Велес, Кула и Штип. Маглата го отежна и авиосообраќајот на скопскиот аеродром, дел од летовите се откажани, дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија.

Од утрово не се реализирани летовите кон Виена и Истанбул, од Охрид е пренасочен летот за Ајдховен и Лубек, а реализирани се полетувањата кон Загреб и Гетеборг.

Од ноќеска не е реализирано слетување на скопскиот Аеродром. Пренасочени кон софискиот аеродром се летовите од Виена, а кон Охрид летовите од Малме и Барселона. Лет е откажан од Истанбул.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.