Јавноста исклучена од судењето на дадилката

Објавено: 25 декември, 2015, во 12:30 часот

Судењето на дадилката која беше снимена како малтретира деветмесечно бебе, денеска се одржува зад затвотрени врати за јавноста.

Тоа е одлуката на судијата од Кривичниот суд кој го води овој предмет, поради, како што рече, заштита на обвинетета и нејзиното семејство, но, пред се, заради заштита на идентитетот на бебето и неговото семејство.

На шеесет и едногодишната Т.С. од скопската населба Ѓорче Петров, ќе и се суди за запуштање и малтретирање на малолетно лице.

Дадилката од Скопје била ангажирана од семејството да се грижи за бебето.

 

Извор: Плусинфо.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.