Исфрлете ги ова од фрижидерот
Објавено: 26 декември, 2015, во 08:29 часот
Некои намирници кои не се здрави подобро е воопшто да ги немаме во фрижидер за воопшто да не не стрват и да не паѓаме во искушение. Доколку здравата исхрана и живот ви значат, би требало да ги исфрлите следниве работи.
МАЈОНЕЗ
Доколку го јадете често, тогаш јасно ви е зошто маснотиите се таложат на вашите крвни садови, а килограмите ви се лепат. Наместо мајонез, подобро е да одберете помалку мрсни сосови и намази, како сенф, рен или намаз од сирење.
ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО
Саламите, сувомеснатите колбаси, виршлите и паштетите обично се прават од месо со најнизок квалитет, а им се додаваат конзерванси, адитиви и маснотии. Освен тоа содржат и голема количина на сол поради што го зголемуваат ризикот од оштетување на бубрезите и високиот крвен притисок, а не се препорачуваат за јадење повеќе од еднаш неделно.
МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ
Намирниците како полномасно млеко, павлака и путер имаат многу добри состојки како протеини, калциум, витамин Б, но проблемот е во тоа што содржат и многу масти, па доколку секојдневно ги внесуваме постои ризик од зголемено ниво на холестерол. Поради ова, секогаш е подобро да се одберат млечни производи кои содржат здрави состојки, но и помалку масти.
ПРЕЛИВИ ЗА САЛАТИ
Сосовите за салата се одличен додаток кои ги претвораат во вкусно главно јадење. Поради ова, најдобро е да се избегнуваат, а да употребувате традиционални зачини, вински или јаболков оцет или лимонов сок.
МАРГАРИН
Маргаринот содржи голема количина масни киселини бидејќи се создава како емулзија од растително масло и вода, а докажано е дека неговото редовно користење во исхраната го зголемува ризикот од болести на срцето и крвните садови. Маргаринот го зголемува и нивото на холестеролот, а делува лошо и на имунитетот.
СМРЗНАТ ПОМФРИТ
Оваа верзија на компирот посебно им е драга на најмладите, а луѓето (посебно рестораните) често го купуваат бидејќи им ги олеснува работите во кујната. Сепак, содржи смрзнат компир кој воопшто не е добар за здравјето, бидејќи содржи големи количини сол и конзерванси.
