Ременски поднесе кривична пријава против Спасов

Објавено: 28 декември, 2015, во 16:33 часот

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски до Основното јавно обвинителство во Скопје поднела кривична пријава против сегашниот заменик министер Диме Спасов и службеничката Сузана Анова, која била на пробна работа во Министерството.

Кривичната пријава е за основани сомневања за злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење за Спасов додека беше министер за труд и социјална политика.

Спасов се товари дека доверил овластување на службеник на пробна работа кое нема законско право да одлучува во управна постапка и во име на министерот да ги потпишува сите акти од социјална заштита.

Извор: Радио Слободна Европа

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.