Формирана Анкетна за “Фабриката за афери“

Објавено: 30 декември, 2015, во 16:20 часот

Така наречената „Фабрика за афери“ ќе се најде на дневен ред на комисија и тоа на новоформирана анкетна која според парламентраното мнозинство  и пратениците на Тачи, би требало да го расчисти како што велат скандалот за фалсификуваните лични карти, пасоши и останати документи, јави 24 Вести.

Барањето  го потпишале 62 пратеници, а според предлагачиот анкетната е неопходна за да се најде вистината за тоа кој го украл идентитетот на 120.000 граѓани, кој фалсифукувал, кој наредил и за која цел.

За опозицијата која единствено не се потпиша на барањето, власта  формира контра комисја, бидејќи велат се контра вистината и во контра држава. Тврдат прашањето за фалсификување на личните карти е прашање за кое треба на постојната анкетна да се разговара, но само како што  велат ако премиерот Груевски и екс министерката Јанкуловска имале храброст да сведочат.

Не изостана и жестока дебата,  и овинувањата и препукувања преку процедурални прозивки.

И додека се формираше новата, постојната комсија која е дел од пржинскиот договор и која треба да го расчисти скандалот со незаконското прослушување е заглавена.

Извор: 24 Вести

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.