Специјалци не дозволуваат од утрово да се влезе со возила во Стајковци
Објавено: 11 август, 2016, во 09:07 часот
Силно полициско и воено обезбедување утрово не дозволува влез на цивилни возила во Стајковци, со образложение дека во селото ќе влезе тешка механизација која ќе биде вклучена во расчистување на штетите од поплавите кои создадоа огромни штети во овој регион, во саботата.
Пред влезот на селото има полиција, воена полиција, специјални полициски сили, дури и возила КФОР, јавува екипата на Плусинфо која е на терен.
Новинарските екипи и луѓето кои носат хуманитарна помош може да влезат само пеш во селото.
Извор: Плусинфо.мк
