Порака од папата Францискo: Жените никогаш нема да имааат пристап до свештенството

Објавено: 3 ноември, 2016, во 08:41 часот

По повод неодамнешниот католички празник на Сите свети, папата Франциско изјави дека верува дека забраната за учество на жените во Католичката црква е трајна и дека нема да се менува, што е една од неговите најексплицитни изјави по тоа прашање.

Светиот татко зборувал во авионот со кој од Шведска се враќал во Рим, на конференцијата за новинарите во облик на неформален разговор со претсавниците на медиумите, што станало традиција при враќањето од патувањата надвор од Италија.

Шведската новинарка истакнала дека поглаварката на Лутерантската црква, која во Шведска на папата му посака добредојде, била жена и го запрашала дали мисли дека Католичката црква во наредните децении би можела да дозволи жени свештенички.

„Светиот папа Иван Павле втори последен јасно прозборе за ова и тоа се уште важи“ рекол папата. Тој се повикал на документ на папата Иван Павле од 1984 година кој „ја затворил вратата“ за свештеничките. Ватикан вели дека тоа учење е неизоставен дел на католичката традиција.

Новинарката инсистирала и повторно го прашала: „Зарем навистина засекогаш? Никогаш, никогаш?!“ Папата Франциско одговорил: „Ако внимателно ја читаме изјавата на Иван Павле втори, тогаш таа иде во таква насока.

Папата пред тоа рекол дека жените немаат пристап во свештенството, но заговорниците за завештување на жените се надеваат дека некој папа во иднина можеби ќе ја промени таа одлука, особено што во светот има недостиг на свештеници. Католичката црква учи дека жените не можат да бидат свештенички, бидејќи Исус избрал само мажи за апостоли. Оние кои посакуваат служење на жените во црквата истакнуваат дека Исус само се поведувал по обичаите на своето време.

Извор: Плусинфо.мк

 


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.