Козјото млеко – најздраво и најслично на мајчиното млеко

Објавено: 28 септември, 2016, во 09:04 часот

Козјото млеко спаѓа во најздрави намирници посебно кога зборуваме за млечните производи. Неговата хемиска структура е неверојатно слична со мајчиното млеко.

Од секогаш козјото млеко се употребувало не само за исхрана туку и како средство за лекување на многу заболувања како што е бронхитис, стопирање на алергии, за зајакнување на имунитетот, лекување и зајакнување на белите дробови.

 

Козјото млеко обилува со калциум и фосфор, кои се важни за цврстина на коските, цинк и селен, силни антиоксиданси кој го одржуваат телесниот имунитет. Шпанските научници го  препорачуваат козјото млеко на луѓе кои патат од анемија. Токму козјото млеко го поттикнува искористувањето на железото во организмот и обновување на хемоглобинот, крвниот пигмент кој содржи железо.

Козјото млеко е извонредно корисно да се консумира, затоа што има одредени, ефектни терапевтски вредности:

Лекува бронхитис Има анти алергиско својство

Го зајакнува имуниот систе

Намалува ризик од ракот на белите дробови

Добро е и за дијабетичарите

Со оглед на тоа дека козите ја јадат кората од билките, нивното млеко е богато со силициум а тоа е минерал кој позитивно влијае на кожата, косата, ноктите и нервниот систем.

Кај децата кои се хранат со козјо млеко забележан е побрз раст, поголема телесна маса и подобра минерализација на коските во однос на децата која се хранети со кравјото млеко.

Млекото содржи познати витамини. Фактот дека недостигот на поедините витамини предизвикуваат заболувања, зборува дека правилната исхрана на луѓето ( посебно деца и заболени луѓе ) не може да се замисли без млеко. Со една чаша козјо млеко се осигурува 32,6% дневна вредност за калциум и 27% за фосфор, во споредба со кравјото млеко.  Кај возрасните козјото млеко може да помогне и во превенција на висок крвен притисок и артериосклероза. Козјото млеко е добар извор на калиум, есенцијален минерал за одржување на нормален крвен притисок и функција на срцето.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.