Холивуд е поделен: Клуни за Трамп вели дека е фашист, Иствуд за Хилари дека е катастрофа
Објавено: 28 септември, 2016, во 08:33 часот
Првата од трите предизборни дебати во САД е завршена, а мислењето за тоа кој победил – Хилари Клинтон или ДОналд Трамп, длабоко се поделени. Своите фаворити ги одбраа и холивудските ѕвезди, кои не се стеснувале дури и да ги навредуваат кандидатите (особено Трамп).
„Срцето“ на Холивуд чука за Хилари Клинтон – познатите актери и пејачи традиционално го поддржуваат кандидатот на демократите, а и во овој случај е така. Последните истражувања на јавното мнение покажуваат дека дури 50 отсто бирачи сè уште не се одлучиле за кого ќе гласаат, поради што пресудна улога би можеле да имаат токму славните.
Според најновото истражување на агенциите „Ројтерс“ и „Ипсос“, Хилари Клинтон на државно ниво има предност во однос на Доналд Трамп за четири отсто.
Во моментот најмногу време, а и пари, за кампањата на Хилари Клинтон издвојуваат Џорџ Клуни и Рис Витерспун. Што се однесува до Трамп, него го поддржува „старата гарда“ на Холивуд, на чело со Клинт Иствуд. Иако, аналитичарите процениле дека на Трамп и не му треба некој од „светот на славните“, бидејќи и самиот е „славен“.
Ѕвездите на своите политички фаворити им даваат милиони долари, особено „тешките“ богаташи во филмската индустрија, како директорот на „Дрим воркс“ Џефри Каценберг или режисерот Стивен Спилберг. Тие организираат вечери или други настани на кои гостите скапо го плаќаат дружењето со идниот претседател.
Во студијата на економските аналитичари се тврди дека влијателната телевизиска Опра Винфри во 2008 година му донела милион гласови на Барак Обама.
Што славните ѕвезди рекле за Доналд Трамп
Брус Спрингстин, пејач: „Трамп е морон, тој е трагедија за нашата демократија. Тој е демагог кој дава едноставни одговори на сложени прашања.“
Шер, пејачка: „Трамп е лажливец, расист и фашист. Тој ќе започне расна војна ако победи на изборите.“
Боно Вокс, пејач: „Трамп е потенцијално најлошата идеја што се случила во историјата на Америка. Тој ги киднапира републиканците и се обидува да ги киднапира САД.“
Џорџ Клуни, актер: „Трамп е ксенофобен фашист. Неговата идеја да се забрани влез на муслиманите во САД е глупава.“
Што рекле славните за Хилари Клинтон
Клинт Иствуд, актер и режисер: „Ќе гласам за Трамп, бидејќи Хилари оди по стапките на Обама. Тоа е катастрофа.“
Кејтлин Џенер, ријалити ѕвезда: „Никогаш не би гласала за Хилари. Ние завршивме. Ако Хилари стане претседатекл, оваа земја е готова.“
Чак Норис, актер: „Хилари има многу промашувања. Таа сè порекнува и во тоа лежи моќта во Вашингтон. Дали навистина ни треба уште еден претседател кој копнее по моќ?“
Џејмс Вудс, актер: „Хилари е полуда од Ненси Пелоси, а Ненси е стандард за лудост.“ (Ненси е бивша претседателка на Претставничкиот дом).
Извор: Плусинфо.мк
