Анонимуси го најавија „Маршот на милиони маски“

Објавено: 29 септември, 2016, во 09:51 часот

На 5 ноември Анонимуси ги повикуваат сите да излезат и да учествуваат во „Маршот на милиони маски“, кој како и секоја година ќе биде со глобални размери.

За да се забележи секој момент на собирање, организаторите ги повикуваат учесниците не само да внимаваат на безбедноста, туку и да бидат опремени со камери и фотоапарати.

Од 2013 година, на секој континент се собираат луѓе на протестот против масовниот владин надзор, цензурите на интернет и корумпираните политичари кои го ставаат капитализмот пред луѓето. Секоја година бројот на луѓето на протестот расте, како и причините за кои се борат.

„Бидејќи правото на новинарство е во смртни маки и поради манипулацијата во мејнстрим медиумите, сега е на луѓето да бидат граѓани-новинари и да ја снимаат историјата која во моментот се случува, а не да ги прифаќаат владините бајки кои ќе ги турнат низ грлата на нашите деца за 20 години“, стои во сооштението на Анонимусите.

Извор: Плусинфо.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.