Шокантен оглас на интернет: Продавам бебе, цената е 5.000 евра!

Објавено: 14 октомври, 2016, во 08:11 часот

На порталот за мали огласи на сајтот „Ибеј“ на продажба е понудено бебе! Како што известува „Рајнише пост“ станува збор за девојче Марија на возраст од само 40 дена, за која се барале 5.000 евра.

Невкусниот оглас,кој е поставен во Дуизбург (Северна Рајна-вестфалија) е отстранет од сајтот по 30 минути, откако голем број кориснисци направиле скандал. Засеге не е познато дали станува збор за бизарна шега, или за сериозна понуда.

Портпаролот на малите огласи на „Ибеј“ изјавил дека компанијата истиот ден поднела кривична пријава.

– Многу ни е важно сторителот да одговара за своите постапки, дури и ако е во прашање само шега – рекол Пјер ди Боа.

Во меѓувреме е покрената истрага поради сомнение на трговија на луѓе, а како што известил сајтот за телевизија ВДР, полицијата веќе има двајца осомничени.

Полицијата го предала бебето на згрижување на надлежните служби, а родителите се однесени на сослушување. Истрагата е во тек и сè уште не се знае кој го ставил огласот на „Ибеј“. Меѓутоа, потврдено е дека тоа не е направено од адресата на интернет на родителите.

Извор: Плусинфо.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.