Нов котел за греење инсталиран во ОУ Св. „Кирил и Методиј“ во Велес
Објавено: 2 ноември, 2016, во 15:05 часот
Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес доби нов парен котел, набавен со средства од Буџетот на Општината. Сега се очекува училниците да бидат потопли и учениците да немаат проблеми со студот.
– Досега во училиштето континуирано имавме проблеми со затоплувањето. Новиот котел значи дека тоа ќе биде минато. Од денеска па во иднина учениците и вработените ќе престојуваат во добро затоплени простории„рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Новиот парен котел, инсталиран пред една недела, е помоќен од стариот за 173 киловати и работи на нафта. Неговата моќност изнесува 580 киловати.
Од Општината најавија дека ќе се подобрува енергетската ефикасност во основното училиште „Блаже Конески“ каде е планирана замена на прозори./У.Ј


