Мајмунот Геда од Кина предвидува победа на Трамп

Објавено: 7 ноември, 2016, во 13:24 часот

Според мајмунот Геда, од кинеската покраина Хунан, кој носи жолт дрес на кој пишува „Крал на предвидувањата“, следен претседател на САД ќе биде Доналд Трамп.

Пред мајмунот биле поставени картонски верзии на Доналд Трамп и Хилари Клинтон и тој, по кусо размислување, пришол кон кутијата на Трамп и го бакнал во уста, што според вработените во паркот Шијанху е знак дека Хилари ќе ги изгуби изборите.

Мајмунот претходно оваа година предвиде дека Португалија ќе ја освои титулата првак на Европското фудбалско првенство, па многумина веруваат дека предвидувањето и овојпат ќе му биде точно.

Извор: Плусинфо.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.