Временска прогноза
Објавено: 11 ноември, 2016, во 07:05 часот
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.
Попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава, каде на повисоките планини ќе има и повремен снег. Температура до 17 степени.
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и во сабота и ќе се прошират во останатите делови одземјава, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Локално се очекува да наврнат над 20 л/м2.Ќе дува умерен јужен, а во зaпадните делови и засилен југозападен ветер.Од недела следува период од променливо облачно време сосончеви периоди и со пониски утрински температури.
