Американска амбасада организира трет саем на колеџи во САД

Објавено: 16 ноември, 2016, во 09:36 часот

Во чест на Меѓународната недела на образованието, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија ќе го организиратретиот годишен Саем за колеџи во САД 2016. Саемот ќе се оддржи на 17 ноември, во Националната и универзитетска библиотека Св.Климент Охридски во Скопје, од 16:00 до 18:00 часот. Влезот на Саемот е слободен за јавноста и ние ги покануваме студентите и нивните родители да го посетат.

Дваесет претставници од заедницата на Амбасадата, вклучително и заменикот шеф на мисија, Микаела Швеицер – Блум, ќе имаат презентации за повеќе од 30 различни универзитети во САД, што тие ги посетувале, а ќе бидат на располагање и да одговараат прашања за високото образование во САД.

Советниците на EducationUSA ќе даваат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, како и за услугите што студентите можат да ги добијат во центрите на EducationUSA во Македонија. Освен тоа, советникот за образование од Амбасадата на САД ќе биде таму да одговара на прашања за можностите за добивање стипендии од Владата на САД и за програмите на образовна размена.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте ги координаторите на имејл адресата [email protected]

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.