Мигрантите здивеа на грчкиот остров Хиос, напади, тепачки и палежи на куќи

Објавено: 17 ноември, 2016, во 08:14 часот

Мигранти и бегалци зовреа и здивеа ноќеска на островот Хиос. Немирите почнаа вчера вечерта и траеја до раните утрински часови на денешниот ден.

Според податоци на грчки медиуми мигрантите го запалиле центарот за привремено сместување, кој изгорел речиси целиот, ги нападнаа продавници, кршеле излози, превртуваа автомобили, бомбардираа со огномет куќи на локалните жители, фрлаа и камења на луѓето. Жителите требаше да се бранат со палки и да се тепаат.

За враќање на редот беше извикаа специјалната полициска единица . Во Грција останаа 60 000 мигранти по затворањето на Балканскиот пат, тие очекуваат да се разјасни нивниот статус. На островите во Егејското Море има 16 000 мигранти, а по локалните центри можат да преземени само половина од нив.

Извор: Локално.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.