УКБ незаконски прислушувала најмалку 5.827 телефонски броеви
Објавено: 18 ноември, 2016, во 10:41 часот
5.827 телефонски броеви биле следени незаконски во периодот од 2008 до 2015 година, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи на прес конфернеција на која беше обелодената истрагата „Таргет“.
– Преку системите за следење на комуникациите на УБК од 2008 до 2015 незаконски била следена комуникацијата на најмалку 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби за нивно следење. Се следеле комуникациите на телефонските броеви и пред и после издавање на судската наредба најмалку 1.541 телефонски броеви – рече таа.
При тоа незаконски биле следени и сите лица кои комуницирале со прислушуваните лица кои биле таргет во тој период.
Од 2008 до 2015 година утврдено е дека биле во употреба три различни системи за следење на комуникациите. Зависно од тоа постои основано сомневање дека биле спроведени различни дејствија на извршување.
Во 2008 тројца од осомничените вработени во УБК спротивно на законските прописи давале налози за внесување на телефонски броеви.
– Во првиот систем од 01.01. 2018 до 30.11.2018 без судска наредба биле следени комуникациите на 229 броеви и 21 телефонски број надвор од периодот наведен во судските наредби. Вториот систем од 01. 12. 2008 до 20.01 2015 следени се најмалку 3.646 телефонски броеви и најмалку 1.268 броеви надвор од периодот наведен во судските наредби. Преку трите системи од 21.10. 2015 до 31.12.2015 без судска наредба била следена најмалку 401 телефонски броеви и најмалку 252 надвор од периодот наведен во судските наредби – рече Фетаи.
