СДСМ ќе митингува во скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ во Ресен и во Струга
Објавено: 22 ноември, 2016, во 08:17 часот
На вториот ден од кампањата ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ресен (17:30) и во Струга. (20:00).
СДСМ ќе митингува во скопските општини, во Драчево (16:30), во Кисела Вода (17:30) и во Аеродром (пред платото на ТЦ „Бисер“ во 19 часот)
ДУИ ќе ја промовира изборната платформа 2016-2020 во бизнис сала на Скопски саем во 12 часот, а ДПА ќе одржи митинг во село Црнилиште во 18 часот.
Коалицијата за промени и правда ќе има на средби со граѓаните од Карпош. Павле Трајанов, Јове Кекеновски и Слободан Богоески ќе одржат прес-конференција на пред СЈО во 14 часот.
Вечерта оваа коалиција ќе има митинг во Велес во библиотеката „Гоце Делчев“ во 18 часот.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ денеска ќе има трибина во Охрид во Дом на култура „Григор Прличев“ во 19 часот).
Извор: Плусинфо.мк
