Нападнат лекар од Итна помош во Тетово
Објавено: 23 ноември, 2016, во 10:54 часот
Триесет и седум годишен лекар во Тетовската брз помош пријавил дека синоќа бил нападнат од 21 годишпен жител на Тетово, јави 24 Вести.
ОД СВР Тетово велат дека напаѓачот го донел својот татко во болница за да му се укаже прва помош.
Откако лекарот ги препратил на Интерното одделение, напаѓачот почнал да го навредува докторот и го удрил во десното рамо. Дваесет и едногодишниот жител на Тетово бил повикан во полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.
