Екстази наскоро во аптеки?
Објавено: 5 декември, 2016, во 09:24 часот
За помалку од четири години екстази би можеле да се продаваат во аптеки со рецепт, доколку се потврди нивната корист за лекување постравматско стресно растројство.
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобрила трета, последна фаза за клиничко тестирање на активната состојка на екстазите, н-метил-3,4-метилендиоксиамфетамин (МДМА), после која супстанцата би можела да биде ставена на листата на лекови.
Во првите две фази МДМА се користела заедно со психотерапија за олеснување на симптомите од постравматско стресно растројство. На првото тестирање имало 20 пациенти, од кои што дури 84% престанале да покажуваат знаци на растројството два месеца по прекин на терапијата.
Пациентите земале МДМА во контролирани услови, во присуство на психијатар и не ја земале супстанцата по преткин на терапијата. Прелиминарните податоци биле доволно добри за ФДА да одобри трета фаза во која треба да учествуваат стотици лица. Третата фаза треба да почне во 2017 и да трае од четири до пет години, пренесе Б92.
Извор: Плусинфо.мк
