Девојче предложи да вика „бонг“ додека се поправа Биг Бен, Би-би-си и одговори

Објавено: 20 декември, 2016, во 08:31 часот

На веста дека најголемиот часовник на светот ќе престане да работи заради реновирање, 8-годишно девојче во писмо понуди помош: секој ден да извикува „бонг“ пред микрофон на радио Би-би-си кое со пренос на отчукувањето на часовникот два пати дневно најавува вести.

Неколку дена подоцна девојчето Фиби Хансон добило и одговор од редакцијата, во кое стоело дека нејзиниот предлог е пренесен на оние што носат одлуки, но и дека одговорноста што би ја преземала додека се прави часовникот, би можела за неа да биде голем товар.

„Тоа е ужасно многу работа за некој прилично млад“, пишувало во писмото на Роџер Соер, уредник на радио Би-би-си, кој додал дека тој никако не би сакал да го работи тоа.

Таткото на Фиби раскажал дека ќерка му била воодушевена од одговорот и толку горда што писмото го однела на училиште да се пофали и мислела дека татко и два пати дневно ќе ја вози до Би-би-си.

Претходно кога Биг Бен не работеше заради поправка, Би-би-си наместо отчукување на часовникот емитуваше кратки снимки од црцор на птици, но потоа други ја украле идејата и сега не може да го повторат истотот.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.