Научниците открија нов орган во човечкото тело

Објавено: 4 јануари, 2017, во 10:23 часот

Научниците идентификуваа нов орган во нашиот организам што се наоѓа во дигестивниот систем на човекот. Името му е мезентериум. Со проучување на мезентериумот би требало подобро да се разбере и лечат болестите на абдоменот и дигестивниот систем.

Долго се мислело дека овој дел од човековото тело е комплексна структура, но последните истражувања утврдиле дека всушност тоа е еден целовит орган, постојано тело. Веста за неговото откритие е објавена во магазинот „The Lancet Gastroenterology & Hepatology“.

Анатомскиот опис на овој орган, стар повеќе од 100 години се покажал како неточен, а докторите сега имаат предизвик пред себе – да ја утврдат точно функцијата на новиот орган.

Мезентериум всушност е двослоен вреќест превој на перитонеум кој го прицврстува цревото за постериорниот абдоменален ѕид.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.