Временска прогноза
Објавено: 6 јануари, 2017, во 07:36 часот
Денеска ќе се задржи облачно и многу студено време со повремени локални врнежи од снег, особено претпладне.
Температурите во текот на денот ќе опаѓаат и насекаде ќе бидат негативни.
Ќе дува засилен, на повеќе места и силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни навеви. За време на викендот облачноста делумно ќе се намали, но не е исклучено на места да провејува слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер и ќе биде многу студено.
