Одлична напивка против настинка и грип!
Објавено: 6 јануари, 2017, во 07:42 часот
Главната состојка е јаболковиот оцет, за кој сите знаеме дека има многу витамини, влакна, антиоксиданти и минерални. Имунитетот станува посилен и општо се подобрува здравстевната состојба.
Една четвртина чаша органски јаболков оцет
Половина чаша органска кокосова вода
Една лажичка лут црвен пипер
Свежо исцеден лимон
Лажичка органски мед
ПОДГОТОВКА
Кокосовата вода затоплете ја во тенџере а потоа префрлете ја во чаша. Додадете го оцетот и добро промешајте. Оставате да се олади на собна температура, а потоа додадете го медот и црвениот пипер. Повторно, добро промешајте, и на крајот додадете го сокот од лимон.
Најдобри резултати ќе постигнете доколку овој напиток го конзумирате на празен стомак, пред појадок и доцна навечер, пред да одите на спиење. Слободно конзумирајте го додека да ви помине инфекцијата.
