Временска прогноза
Објавено: 19 јануари, 2017, во 06:41 часот
Денеска ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи од снег, во источните и јужните делови претпладне поинтензивни.
Снежната покривка од овој снежен бран насекаде ќе се зголеми, на места за 20 до 30 cm. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе завршуваат и на исток. Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.
